Шоуменот Игор Џамбазов закрепнува по втората операција, која ја имаше пред два дена, а во посета му дојде и неговата сестра, Тања.
Таа веќе две децении живее надвор од Македонија, но допатува од САД за да биде со својот брат и својот татко.
Џамбазов пред десетина дена беше хоспитализиран поради здравствени проблеми. Тој во емисијата „Јади бурек“ потврди дека е опериран и му е вграден стент поради затнување на вените на нозете.