Џампинг џет фонтаната само се тестираше, официјално пуштање наскоро

Новата џампинг џет на плоштадот „Македонија“ е се’ уште во изградба, а нејзиното пуштање во понеделникот било само пробно, реагираат од Град Скопје на објавите во некои медиуми дека фонтаната, наводно, само што се пуштила се расипала.

„По повод информациите кои беа објавени во некои од медиумите, а во врска со пуштањето на фонтаните на градскиот плоштад, Град Скопје ја информира јавноста дека на 15.06.2015 година беше извршено целодневно тестирање на површинска, таканаречена сува фонтана (џампинг џет), на плоштадот „Македонија“. Фонтаната и плоштадот се уште се во фаза на изградба  и тестирање  и за официјалното пуштање во употреба јавноста благовремено ќе биде информирана“, се вели во реакција на Грда Скопје.