Џани Инфантино е новиот претседател на ФИФА

Италијанецот Џани Инфантино е наследникот на Сеп Блатер, на функцијата „прв човек на светскиот фудбал“ односно, тој е избран за нов претседател на Светската фудбалска организација.

Довчерашниот генерален секретар на УЕФА, Инфантино победи во изборот за нов претседател на ФИФА.

Инфантино заедно со шеикот Салман беа фаворити во трката за претседател, токму тие влегоа и во финалниот втор круг, а на крајот Италијанецот победи со 115 гласови од можните 207.

Мандатот на чело на ФИФА ќе му трае до 2019 година. Инфантино го наследува 79-годишниот Сеп Блатер кој мораше да се повлече поради корупциски скандал.