сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 2

Џастин Бибер се запиша во Гинисовата книга на рекорди

Џастин Бибер повторно заслужи местото во најновото издание на Гинисовата книга на рекорди, соборувајќи дури осум рекорди, благодарејќи на успехот на „Спотифај“ и доминацијата на музичките листи.

biber

Поврзани вести

Џастин Бибер повторно заслужи местото во најновото издание на Гинисовата книга на рекорди, соборувајќи дури осум  рекорди, благодарејќи  на успехот на „Спотифај“ и доминацијата на музичките листи.

Бибер во Гинисовата книга на рекорди во 2017 година се запиша затоа што нумерата What Do You Mean на музичката платформа Спотифај во една недела е стримувана дури 30.723.708 пати, а албумот на Џастин „Purpose“ во една недела преслушан е 205 милиони пати.

Исто така, тој е прв кој истовремено ги зазеде првите три места на британската листа на синглови (Love Yourself, Sorry и What Do You Mean?).

Освен тоа, Џастин истовремено имаше и најмногу нумери на Билбордовата листа Хот 100,13 песни, најмногу следбеници на Твитер меѓу мажите (82.235.563), најмногу претплатници на социјалната мрежа Јутјуб меѓу мажите (20.711.202) како и најмногу прегледи на неговиот канал на Јутјуб (10.478.651.389).

Претставниците на Гинисовата книга на рекорди на Џастин Бибер му ги врачија неговите сертификати непосредно пред распродадениот настап во Медисон сквер гарден во Њујорк.

Најчитани вести