Џастин Тери полудел поради свадбениот подарок од Бред Пит

Џастин Тери навидум изгледаше како потполно кул да го прифати фактот што неговата сопруга многу тешко го преболела Бред Пит, но овој пат бил бесен!

Американските таблоиди пишуваат дека Џенифер Анистон и Џастин Тери добиле посебен свадбен подарок од нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

-Бред на младенците им купил бакарна вазна со сончоглед и им ја испратил со честитка, пишуваат таблоидите.

Бред изгледа се сетил дека сончогледот е омиленото цвеќе на Анистон, поради што Џастин полудел од љубомора.