Магазин

Џастин Тимберлејк стана татко

Џастин Тимберлејк стана татко
Музичката ѕвезда Џастин Тимберлејк (34) и актерката Џесика Бил (30) вчера станаа родители на момче, јавуваат американските медиуми.

Џесика и Џастин на својот прв наследник му дадоа име Силас Рандал Тимберлејк, а како што пренесуваат електронските медиуми мајката и бебето се во добра состојба.

Двојката дури во јануари , на роденденот на пејачот објави дека очекуваат бебе, а Тимберлејк тогаш на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како го бакнува трудничкиот стомак на својата сопруга.