ДЗЦ ја следи состојбата по обилните врнежи

Дирекцијата за заштита и спасување, со своите вработени, поради обилните врнежи низ Република Македонија постојано е на терен и учествува во справувањето со настанатите состојби.

Како што се наведува во соопштението, Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата во Републиката, со постојан контакт со локалната самоуправа и е подговена во случај да има потреба активира механизација за отстранување на последиците од врнежите.

фото:МИА