Џебна кражба во автобус на ЈСП

СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјаните С.С.(48)  и А.Ј.(26), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Пред десет денa околу 12 часот, во Скопје на подрачје на Центар, во автобус на ЈСП бр. 50, пријавените со протнување на рака во џеб од панталони на оштетено лице му одзеле паричник во кој имало документи и банкарски картички.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавените лица им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.