среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Џефри Гордон: Зоран Заев спроведува уценувачка тактика

Имајќи предвид дека партијата на Заев далеку заостанува на предизборните анкети, СДСМ гледа единствена шанса ако целосно го одбегнат изборниот процес, вели републикански претседателски кандидати, Џефри Гордон.

Џефри Гордон: Зоран Заев спроведува уценувачка тактика

Џефри Гордон: Зоран Заев спроведува уценувачка тактика

Поврзани вести

Џефри Гордон, поранешен портпарол на Пентагон и поранешен советник за национална безбедност на повеќе републикански претседателски кандидати, упати повик за деблокирање на интеграциите на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Во колумна објавена во Хил, информативно списание наменето за политичкиот врв во САД, Гордон воедно апелира на Македонија да и се упати помош во справувањето и запирањето на бегалската криза и да спречат обидите на опозицијата за продолжување на политичката криза преку избегнување на изборниот процес.

– Во текот на изминатата година, повеќе од 700.000 азиланти поминаа низ Македонија, што е неверојатно имајќи предвид дека земјата има два милиони жители. А сепак, Македонија беше оставена сама да се справува со хуманитарната криза. Што е уште полошо, со доаѓањето на пролетта и топлото време, се очекува бранот од Блискиот Исток повторно да се прелее. Македонија досега избегна посериозни проблеми со бегалците, за што заслужува признание. Но, што ќе се случи доколку побогатите земји како Германија, Шведска и Франција ги затворат своите граници, процес кој веќе отпочнува? Македонија ќе биде преплавена со неограничен број на муслимански азиланти, пишува Гордон во колумната, потсетувајќи дека земјата веќе претрпе граѓанска војна во 2001 година.gordon

Според поранешниот портпарол на Пентагон, потребна е европска помош за да се запре приливот на бегалци и да се затвори границата на Македонија кон Грција со поставување на ограда налик на таа на јужната граница на Унгарија, затоа што се покажало дека Грција не е во состојба да ги обезбеди своите граници. Гордон предлага формирање на безбедносен Балкански Центар во Македонија, со распоредување на значителна мисија на НАТО која ќе помогне во борбата против шверцот со луѓе, оружје и дрога. Но, според него, неопходно е и да се изврши притисок врз Грција за да престанат блокадите на приемот на Македонија во НАТО и во Европската Унија.

Воедно, Гордон апелира да се спречат обидите на СДСМ за одбегнување на априлските избори, за да не се предизвикаат дополнителни политички тензии. “Груевски, кој беше премиер од 2006 година, се соочи со сомнителен предизвик од најголемата левичарска партија, која се подготвува да ги бојкотира изборите во рамките на едно мрачно сценарио. Опозицискиот лидер Зоран Заев објави тајно снимени и монтирани разговори на преимерот во обид да го уценува – тактика која бил била незамислива во било која западна демократска земја. Имајќи предвид дека партијата на Заев далеку заостанува на предизборните анкети, СДСМ гледа единствена шанса ако целосно го одбегнат изборниот процес. Притоа, лесно може да се забележат обидите на Москва да се вмеша во кризата – Кремљ работи против европските интеграции. Иако Европската Унија ја напушти Македонија во текот на бегалската криза, ЕУ барем презема одговорност за менаџирање на изборната криза и ги притисна сите четири македонски политички партии да ги почитуваат демократските процеси и да учествуваат на изборите во април, како што беше договорено во текот на летото. При својата оставка, Груевски повика ‘да не дозволиме политичките пресметки да го кочат напредокот на Македонија’. Да се надеваме дека така и ќе биде. Грешките на Балканот се многу скапи”, пишува Гордон во колумната објавена во Хил.

Најчитани вести