Џеј Зи и Бионсе се разделиле поради Ријана

Веста дека Џеј Зи и Бионсе се разделиле поради Ријана одекна како бомба во светските таблоиди.

Двојката која ја започна врската во 2000-тата наводно се разделила во периодот кога Џеј Зи ја пронашол, тогаш 17-годишната Ријана во 2005-тата и успеал да го лансира нејзиниот деби сингл.

Иако гласините биле пуштени намерно, за да се „крене рејтингот“ на Ријана, Бионсе не била сигурна што да прави во дадената ситуација.

Во биографијата на Џеј Ренди Тараборели, насловена „Да се стане Бионсе: Нераскажана приказна“ се изнесува токму ова тврдење.

Бионсе и Џеј Зи сега се во брак и ја имаат тригодишната ќерка Блу Ајви. Тараборели го опишува наводното разделување и вели дека Бионсе во овој период незнаела што да прави, па ја прекинала врската.

Тие беа разделени околу една година, затоа што Бионсе не беше сигурна што треба да прави поради ситуацијата со Ријана, вели тој, но додава дека треба да се напомене дека тие двете сега се пријателки.

Според неговата теорија Џеј Зи и Бионсе се разделиле во 2005-тата, кога Џеј Зи имал 35 години, Бионсе 24, а Ријана 17.