Свет

Џејм Фоли: Моето срце е полно кога сонувам дека повторно ќе бидам семејството

Џејм Фоли: Моето срце е полно кога сонувам дека повторно ќе бидам семејството

Родителите на брутално убиениот американски новинар Џејмс Фоли, објавиле писмо кое нивниот син го напишал додека бил во заложништво.

James

-Има добри и лоши денови. Бев благодарен кога некој ќе беше ослободен, но секако, на крај секој ја посакува својата слбода. Се бодревме и си дававме сила едни на други. Моето срце е полно кога сонувам дека повторно ќе бидам со моето семејство и со моите пријатели, напишал Фоли во писмото.

Во писмото тој му се обратил и на своето семејство.

-Бабо земи го твојот лек и немој да забораваш да пешачиш секој ден и да танцуваш. Биди силна бидејќи ќе ми требаш кога ќе се вратам, порачал тој.

Фоли напишал дека е во заложништво со уште 17 заробеници и дека времето го „скратувале“ кога зборувале за спорт или за филм. Играле шак и ризик со парчињата хартија кои ги пронаоѓале на подот на нивната ќелија.

Американскиот новинар Џемјс Фоли бил киднапиран во ноември 2012 година во северна Сирија додека известувал за граѓанската војна. Минатиот вторник ИСИС објавија видео снимка на која се гледа како маскиран маж кој говори на британски акцент му ја отсекува главата.

Според податоците кои ги објавиле британските разузнавачки служби МI5 и MI6, маскираниот убиец е 23-годишниот Абдул Мајед Бари рапер од Лондон кој се приклучил кон ИСИС и по кого е распишана меѓународна потерница.