Џејмс Клапер: Германија е една од земјите каде што има ќелии на ИД

Директорот на американската Национална агенција за безбедност (НСА) има информации дека Исламската држава има активни ќелии во Велика Британија, Германија и Италија. Коментарот на Клапер доаѓа по посетата на претседателот Обама на Германија каде што побара поголема активност на европските земји во борбата против ИД.

На прашање на медиумите во Вашингтон дали Британија, Германија и Италија имаат илегални ќелии слични на тие што ги извршија терористичките напади во Брисел, Клапер дал потврден одговор, пренесува МИА.

„Да овие земји имаат такви ќелии. Ние продолжуваме да гледаме докази за завера во редовите на ИС во овие три земји“, изјавил Клапер на настан организиран од весникот Крисчн Сајанс Монитор.

Овие информации ги потврдил и претставникот на Институтот за Блискоистона политика Метју Левит кој вели дека присуството на ИС во овие три земји не е новина, но дека е новина тоа што Клапер ги потврдил овие информации.

Во својот говор во Хановер претседателот Обама рече дека „терористите прават се што можат за да ги нападнат нашите градови и да убиваат наши граѓани и затоа и ние треба да направиме се што можеме за да ги запреме“. Според него Европа и НАТО можат да сторат повеќе во таа борба а најмногу простор за соработка има во размената на информации меѓу сојузниците.

Според Клапер Исламската држава до одредено ниво ја искористила мигрантската криза за што се свесни и државите што ги примиле бегалците. Слично размислува и д Френк Цилифо директор на Центарот за Сајбер и внатрешна безбедност кој за Си Ен Ен вели дека Европа се соочува со закани од оперативци на ИД кои што се инфилтирирани како бегалци.