Спорт

Џејмс лобира за Радамел Фалкао

Џејмс лобира за Радамел Фалкао

Последната милионска аквизиција на актуелниот европски клупски шампион, Реал (М), најдобриот стрелец на последниот Мундијал во Бразил, Џејмс Родригез, се надева дека и во новата клупска сезона ќе соработува со репрезентативниот колега, Радамел Фалкао.

Најскапата аквизиција во клупската историја на Монако, е во центарот на фудбалската шпекулација дека ќе тргне по стапките на Родригез и до крајот на летниот преоден рок ќе се пресели на “Сантијаго Бернабеу”.

“Убеден сум дека Фалкао може да успее и како напаѓач на Реал (М). Сепак, јас не сум тој кој треба да одлучи. Се зависи од претседателот на Реал (М), Флорентино Перез. Јас сум убеден дека Фалкао има се што е потребно за да игра во дресот на Реал (М). Доволно е квалитетен, станува збор за роден победник. Заедно играме четри години, прво во дресот на Порто, а потоа и во тој на Монако. Има победнички менталитет. Се надевам дека ќе се пресели во Мадрид до крајот на летниот преоден рок”, изјави репрезентативецот на Колумбија.