Спорт

Џејмс сака трансфер во Реал (М)

Џејмс сака трансфер во Реал (М)

Таткото на моментално најдобриот стрелец на Мундијалот во Бразил, репрезентативецот на Колумбија, Џејмс Родригез, откри дека неговиот син уште од дете сонува како игра за шпанскиот гигант Реал (М).

„Уште како мал, Џејмс постојано повторуваше дека сака да биде професионален фудбалер во Шпанија. Јас сакаше таа земја затоа што е многу слична со Колумбија. Сака да игра во лига каде што во прв план е техниката на фудбалерите. Во Примера дивизион играат најдобрите фудбалери на денешницата, игра Кристијано Роналдо. Поради таквиот стил на игра, Џејмс повеќе е заинтересиран за Реал (М). Џејмс е роден за големи нешта, ги има сите потребни квалитети. Зинедин Зидан е идолот на мојот син. Го сака уште од времето кога играше за Реал (М), изјави таткото на репрезентативецот на Колумбија.