Џејсон Батон се ожени

Автомобилистот Џенсон Батон и убавата Џесика Мичибата го кажаа судбоносното „да“.

djesika-500

Некогашниот шампион во Формула 1 и манекенката се венчаа на Хаваите, пренесуваат англиските медиуми.

Батон кој и натаму вози за тимот на Мекларен со Џесика е во врска од 2008-та година.

„Среќна Нова година од господин и госпоѓа Батон“, напипа 34-годишниот Батон на својот Твитер.

На британскиот возач претстојната сезона ќе му биде 16-та по ред во кариерата, а воведната трка оваа година ќе ја вози во март, во Австралија.

baton1