сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 51

Џеки Чен ќе добие Оскар за животно дело

Актерот и мајстор за боречки вештини Чеки Чен ќе добие Оскар за животно дело, об јави во четвртокот Академијата на филмски уметности и науки.

jeki-chen

Поврзани вести

Актерот и мајстор за боречки вештини Чеки Чен ќе добие Оскар за животно дело, об јави во четвртокот Академијата на филмски уметности и науки.

Чен кој е роден во Хонг Конг и има 62 години, имаше улоги во голем број холивудски филмови како „Кунг Фу Панда“, „Карате Кид“ и „Голема Гужва“. Оваа година ќе се придружи на останатите добитници на таа награда, режисерот на документарни филмови Фредерик Вајсман, британската монтажерка Е н В. Коатесу и кастинг директорката Лин Сталмастер.

Секој од нив на гала вечерта во Лос Анџелес ќе добие почесна фигура на Оскар со која што се признава нивниот целоживотен придонес кон филмската уметност.

Чен својата прва улога ја толккуваше на само осум години, а глумел и понекогаш режирал повеќе од 30 боречки филмови во Хонг Конг. Ова ќе му биде прв Оскар.

Чен од страна на магазинот Форбс беше прогласен за втор најплатен актер во светот. Во 2016-тата заработи 61 милион долари, нешто помалку од Двејн Џонсон.

Најчитани вести