Џеко е убеден дека може да го глуми Серхио Агуеро

Босанскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Един Џеко е убеден дека може да го замени првиот голгетер на “граѓаните”, Серхио Агуеро кој е повреден и нема да биде во комбинација за настап во следните 30 дена.

„Неиграњето на Агуеро е лоша вест за сите нас, лоша вест за целиот тим. Агуеро има фантастична сезона, редовно се запишува во листата на стрелци и е од голема важност за Манчестер Сити. Но таков е животот, сега ќе мораме да играме без неговата помош и ќе мораме да победиме на следните првенствени натпревари. Јас сум напаЃач и можам редовно да ги тресам противничките мрежи. Сум постигнал многу погодоци во мојата фудбалска кариера и уживам во тоа. Секогаш го давам максимумот кога ќе добијам шанса да играм”, изјави Џеко.