Спорт

Џеко: Сити покажа кој е газда во Манчестер

Џеко: Сити покажа кој е газда во Манчестер

Босанскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Един Џеко, ги пецна најверните фанови на градскиот ривал, Манчестер Јунајтед, со изјавата дека сега „граѓаните” повторно покажале кој е газда во Манчестер.

„Многу сум среќен поради нашите верни фанови, знам колку е за нив специјална оваа победа на ‘Олд Трафорд’. Повторно на Јунајтед му покажавме кој е газда, кој е главен во Манчестер. Знаевме од колкава важност е овој натпревар, знаевме дека имаме дури три натпревари помалку од Челзи. Сега имаме само три бода помалку од Челзи, но треба да одиграме уште два заостанати натпревари. Сега мора да се фокусираме на следниот првенствен дуел против екипата на Арсенал. Уште еден многу важен натпревар во борбата за шампионската титула”, изјави високиот напаѓач.

Манчестер Сити има забележано три победи по ред кога гостува на „Олд Трафорд”.