Џеко со прекрасната Амра ужива во Дубровник

Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на БиХ, Един Џеко, веќе неколку дена се одмара во прекрасниот Дубровник, а друштво му прави неговата поубава половина, Амра Силајџиќ.

Одморот во Хрватска, Џеко ќе го искористи за рехабилитација од несреќната елиминација во групната фаза од Мундијалот во Бразил но и за плнење на батериите кои ќе му бидат потребни за новата сезона во англиската Премиер лига која стартува на 16 август.