Свет

Џелатот на американскиот новинар е лидер на британската „Битлси“

Џелатот на американскиот новинар е лидер на британската „Битлси“

Џелатот на американскиот новинар Џејмс Фолеј најверојатно е лидерот  на британска џихадистича група, што се нарекува „Битлси”.

Хипотезата  доаѓа по анализа на видеото со обезглавувањето на Фолеј што џихадисти од Исламска држава го објавија на интернет со цел заплашување на САД.

Основа за ова тврдење  е совршениот англиски јазик со лондонски акцент на крвникот на Фолеј, чие лице е целосно сокриено освен на очите.

„По се изгледа дека убиецот на Џејмс Фолеј е Британец, иако неговиот идентитет уште не е утврдена. Тоа е длабоко шокантна вест “, призна британскиот премиер Дејвид Камерон, кој ја прекина одморот поради снимките  интернет и се врати во Лондон.

Осомничениот маж е познат како Џон, иако  засега се непознати презимето и етничката припадност. Тој е веројатно еден од главните чувари, кои се грижат за киднапирани западни граѓани.