Џелатот на американскиот новинр е познат англиски рапер?!

Ладнокрвниот убиец, наречен Џон, кој минатата недела со нож му ја отсече главата на американскиот новинар Џејмс Фоли, најверојатно е  некогаш популарниот британски рапер, Абдел-Мајед Абдел Бери (23) од Лондон.

Покрај него осомничени се и компјутерскиот хакер од Бирмингем, Абу Хусеин ел Британи и Абу Абдулах ел Британи, за кој се наведува дека е од Портсмут и дека е во раните дваесетти.

Меѓутоа истражителите на безбедносните служби се речиси убедени дека монструмот е некогашниот музичар.

Сите тројца се членови на џихадистичка британска група, која е наречена Битлс, а се верува дека пред неколку месеци заминале во Сирија и во моментов се наоѓаат во главниот град на самопрогласената Исламска држава. Сите тројца веќе биле поврзани со многубројни бруталност кои се спроведени во Сирија, а само неколку дека пред убиството на Фоли, раперот на својот Твитер профил поставил фотографија на која држи отсечена глава на сириски борец.

Британскиот амбасадор во САД изјави дека Велика Британија наскоро ќе го идентификува осомничениот џихадист.

abdel-majed-abdel-beri-1408820700-555725

 

abu-abdulah-1408820688-555729