Џемаили главен во средниот ред на Фиорентина

Швајцарскиот интернационалец од редовите на Наполи, Блерим Џемаили, најверојатно ќе биде првата летна аквизиција на големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Фиорентина.

Неофицијално, раководните лица на “виолетовите” се подготвени да одвојат околу 8 мил. евра за услугите на 28-годишниот играч за врска.

Репрезентативецот на Швајцарија во изминатата сезона немаше статус на стандарден првотимец, а неговата минутажа додатно ќе биде намалена доколку остане на “Сан Паоло” затоа што, сопственикот на “азурите”, Аурелио де Лаурентис веќе најави неколку квалитетни засилувања кои ќе играат во средниот ред.