Џенерал Моторс казнeт, не ги повелкол наисправните автомобили од пазарот!

Американскиот  Џенерал Моторс е казнет со 35 милиони американски долари заради одложување на повлекувањето на автомобилите со неисправно палење. Таа грешка причинила загуба на животите на најмалку 13 луѓе. Се работи за најголемата парична казна на Агенцијата за промет која е дозволена со законот.- јавија

Еден од најголемите американски производители на автомобили признава дека биле бавни при информирањето на надлежните органи и ветија дека во иднина ќе ги пријавуваат проблемите многу побрзи со тоа ќе им овозможат на владините органи много поврзо да добијат увид во надзорот на сигурносните операции. Антони Фојз од Американскиот секретаријат за промет појасни во што погрешил Џенерал Моторс.

„Со оглед дека Џенерал Моторс баре од 2009 година имал информации дека неисправното стартување се доведува во врска со воздушните перници кои се не се активираат. Ја имале информацијата, а за тоа никому ништо не кажале. Во меѓувреме корисниците на нивните автомобили ги возеле автомобилите со сериозни мани. Секако дека се случиле и незгоди со смртни последици“.

Џенерал Моторс призна дека знае дека уште од 2001 година има проблемите со палењето во моделите на малите автомобили, но нивното повлекување од пазарите започна дури оваа година. Повлечени со околу 2,6 милиони возила поголемиот дел Шевролет Кобалт и Сатурн Ајронс. Од компанијата истакнуваат дека најмалку 13 луѓе погинале во несреќи поврзани со овој проблем, а тужителите врзани со овој случај наведуваат дека се рабти за најмалку 53 такви несреќи.