„Џенерал моторс“: Заштедиле еден долар, но загинале 13 лица

Американскиот производител на автомобили „Џенерал моторс“ пред неколку години донесе одлука да не ја промени контакт- бравата на моторот, со цел да заштеди по еден долар за автомобил, но овој дефект е причина за смртта на 13 лица.

Американскиот Комитет за енергетика и трговија објави интерен документ на Џенерал Моторс, откако законодавците побараа од извршната директорка на компанијата Мери Бара, да објасни зошто компанијата не успеала да отповика 2,6 милиони автомобили во период од една деценија, откако е забележан проблемот со контакт-бравата што може да предизвика исклучување на моторот и блокирање на воланот и е причина за голем број сообраќајни несреќи и најмалку 13 жртви.

Конгресменката од американската сојузна држава Колорадо, Дајана Дегете, претстави документ од Џенерал Моторс од 2005 година, според кој трошокот за поправка по возило изнесува 57 центи.