понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 51

Џенет Џексон роди син на 50 години

Иако премногу не зборуваше за бременоста ниту пак се појавуваше во јавноста, Џенет неколку пати беше фотографирана со својот сопруг Висам ал Мана, катарски бизнисмен за кого се омажи во 2012 година.

wissam-al-mana-and-janet-jackson

Последни вести

Славната пејачка Џенет Џексон и тоа како има причина за славење во Новата 2017 година!

Џенет се оствари како мајка во 50-тата година од животот и роди син на коешто му го дала името Еиса ал Мана.

„Породувањето помина без проблеми и таа во моментот се одмора“, се наведува во соопштението на нејзиниот ПР-тим.

janetjacksonИако премногу не зборуваше за бременоста ниту пак се појавуваше во јавноста, Џенет неколку пати беше фотографирана со својот сопруг Висам ал Мана, катарски бизнисмен за кого се омажи во 2012 година.

Многу извори во текот на нејзината бременост даваа изјави за магазинот „Пипл“ наведувајќи дека Џенет не била задоволна од својот изглед, а една од причините поради која не се појавувала во јавноста била и ризичната бременост поради нејзините години.

Дека многу сакала да се оствари како мајка сведочи и фактот кога изјавила дека во случај да не може по природен пат да добие дете, размислува за посвојување.

Најчитани вести