Џенифер Анистон ќе се омажи

Џенифер Анистон и Џастин Теру наскоро ги завршуваат подготовките за венчавката. Тие се верија на 41-виот роденден на актерката пред три години.

Оваа актерска двојка сакаше да направи свадба во популарниот Сабо Кан Лукас во Мексико, но сепак, како што наведуваат странските медиуми, на крајот се одлучија свадбата да се одржи во домот на актерката во Бел Ер наесен.

Засега единствено е познато дека за цветните аранжмани и изборот на ткаенините е задолжен Димитри Димитров од хотелот Сансет Тауер, кого Џенифер многу го сака затоа што со години наназад тој ја следел на секое влегување и излегување во хотелот и внимавал да не биде забележана од будното око на папараците.