Џенифер Лопез ќе прави свадба од три милиони долари

Џенифер Лопез во декември оваа година повторно ќе застане пред олтар, тврдат американските таблоиди. Пејачката и нејзиното момче, Каспер Смарт минатата година ја обновија врската а наводно, веќе планираат венчавка.

Лопез настапуваше на доделувањето на „Billboard Latin Music Awards 2015“, кои им се доделуват на музичарите од латинскоамериканско потекло.

По настапот, Каспер Смарт ја однел на вечера во еден ресторан во Мајами.

Американските таблоиди пишуваат дека Џенифер планира во декември да се омажи за Каспер и тврдат дека пејачката планира свадба од три милиони долари.