Магазин

Џенифер Лопез: Син ми е љубовта на мојот живот

Џенифер Лопез: Син ми е љубовта на мојот живот

Најголемата љубов во животот на неповторливата Џеј Ло е нејзиниот син Макс.

Џенифер Лопез истакнала дека во една прилика кога добила писмо од нејзиниот мал син во кое тој и напишал дека ќе ја сака засекогаш и потоа, не можела да ги сопре солзите радосници неколку часа, изјавила пејачката за еден таблоид.

„Тоа го осмисли целиот мој живот. Пак ќе се расплачам. Стоп! О Боже! ’Засекогаш и потоа’ ми имаше напишано … дојдов дома уморна од работните обврски тој ден и легнав, пота забележав голем жолт плик, на кој пишуваше ’За мама од Макс’. Јас го отворив, читав и плачев. Си помислив, ’Боже, син ми е љубовта на мојот живот’“, вели Џеј Ло.