петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 24

Џенифер Лоренс и Крис Еванс – нова „ѕвездена двојка“?

pr

Последни вести

Дека во Холивуд никогаш не е задодевно докажуваат и последните во низата гласини за наводната љубовна врска меѓу холивудската миленича Џениер Лоренс и актерот Крис Еванс.

Еванс, познат по улогата на „Капетан Америка“, кој од русокосата Џенифер е постар девет години, наводно неодамна ја освоил младата актерка. За Џенифер претходно се тврдеше дека е во врска со колегата Лијам Хемсворт, кој пак во меѓувреме се смири  Мајли Сајрус.

– Се е тоа ново. Тие излегле на неколку средби во последните неколку денови, откри непознат извор за трач порталот „Холивуд Лајф“.

Многу интересно е дека Џенифер и Крис имаат и еден близок заеднички пријател, актерот Крис Прат. Прат и Еванс станаа пријатели минатата година во текот на еден заеднички проект, а Џениер и Прат заедно го снимија филмот „Passengers“, чија премиера се очекува наскоро.

Ако гласините за новата „ѕвездена двојка“ се покажт како вистините, ќе знаеме кој има вмешано прсти во сето ова.

Џенифер претходно беше во врска со актерот Николас Халтон, со кого мина две години, а тоа е единствената врска која таа ја призна. Минатата година кратко време се гледаше со фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин, а се зборуваше и дека имала кратка авантура со Бредли Купер, со кого сними неколку филмови.

Од друга страна, Крис е најпознат по врската со актерката Џесика Бел, која денес е сопруга на Џастин Тимберлејк. Двојката ја прекина петгодишната врска во 2006 година. Исто така, актерот е познат и по неговото блиско пријателство со Скарлет Џонсон, со кој сними шест филмови, но меѓу нив никогаш не се случи ништо повеќе.

Најчитани вести