Џенифер Лоренс и Крис Мартин повторно заедно

Најголемиот христијански празник Велигден не ги собира само семејствата, туку и некои стари љубовни партнери. Тоа беше случај со холивудска актерка Џенифер Лоренс и фронтменот на групата „Колдплај“, Крис Мартин.

Како што пренесува „Е! Њуз“, Џенифер и Крис биле видени заедно минатиот викенд на вечера во еден ресторан во Њујорк.

– Цело време разговараа и изгледаа многу среќно. Потоа отидоа до нејзинот автомобил, каде таа се пресоблече во поудобна гардероба и заминаа да прошетаат во Централ Парк, откри очевидец за „Е! Њуз“.

Џенифер и Крис во Њујорк претстојувале во ист хотел, а во недела биле „фатени“ во Њу Џерзи при качување во приватен авион, со кој заедно се отпатувале за Бостон, каде актерката снима нов филм.

Се гледат кога ќе можат, но двајцата се зафатени со работа и некои свои обврски и тоа им одговара. Кој знае, можеби тие воопшто никогаш и не прекинале. По гласините како во случајот на Џенифер Лопез и Каспер Смарт, се чини дека имаме нов популарен тренд меѓу славните, заклучува таблоидот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.