Џенифер Лоренс: Морав да се опијам за да снимам секс сцена

Џенифер Лоренс неодамна ја сними својата прва секс сцена, а, како што тврди, за да го стори тоа на снимањето со Крис Прат, претходно „добро се опијанила“.

Во интервју за „Холивуд Репортер“, Лоренс вели дека никогаш ништо не одбивала на снимањето на филмовите, па дури ни дерењето на кожата од вистинска верверичка во филмот „Winter Bone“, нодека снимањето на секс сцени за неа било „премногу бизарно“.

– Многу се опив, а тоа доведе до тоа што се чувствував многу потиштено кога дојдов дома. Што направив? Не знам, ми се вртеше во главата. А тој уште е и оженет. Тоа беше првпат да бакнам оженет човек, а вината е најголемо чувство. Знаев дека тоа ми е работа, но не можев тоа да му го објаснам на мојот желудник. И се јавив на мајка ми да прашам дали е тоа во ред. Бев многу ранлива, не знаев дали ќе претерам. Сакате се да биде реално, сакате тоа да го направите реално. Тогаш се чувствував најранливо, раскажа актерката.

Во последното издание „The Tonight Show“, Лоренс ги раскажа и нејзините најнепријатени моменти.