Џенова го сака Пандев?

Италијанскиот тим Џенова е заинтересиран за услугите на македонскиот интернационалец Горан Пандев.

Како што пишуваат италијанските медиуми, по заминувањето на Чилеанецот Маурисио Пиниља во Атaланта, Џенова ќе остане без напаѓач, а главна цел на челниците на овој тим е Горан Пандев.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, можна е позајмица во јануари, а потоа подолгорочен договор.

Струмичанецот од Наполи пред почетокот на оваа сезона се пресели во Галатасарај, каде не се снајде баш најдобро.

Џенова игра одлично сезонава и се наоѓа на високото шесто место со 26 бодови, еден помалку од Лацио кој се наоѓа на третото место, позиција која води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.