Џентилони: Пролетва е можно заострување на бегалската криза во ЕУ

Џентилони: Пролетва е можно заострување на бегалската криза во ЕУ
Џентилони: Пролетва е можно заострување на бегалската криза во ЕУ

Не преземањето ефикасни мерки од страна на Европската унија и нејзините земји-членки за спречување на приливот на бегалци, престојнава пролет би можел да доведе до значително заострување на мигрантската криза во Европа, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони.

– Мигрантскиот прилив не е некаква времена појава. Тој ќе продолжи и оваа година, достигнувајќи ниво како и во текот на 2015 година. Тоа е очигледно, нагласи Џентилони во интервју за францускиот весник „Фигаро“.

Според него, приливот на имигранти не може да се спречи со спорведување на некакви правила. кои ЕУ ги утврдила пред четвртина век.

– Доколку не ги преземеме неопходните организациски мерки, треба сериозно да стравуваме дека оваа пролет повторно ќе имаме масовен прилив на мигранти во земјите на ЕУ. Како последица на тоа, состојбата дополнително ќе се влоши, порача шефот на италијанската дипломатија.

Во врска со нападите врз жени во текот на Новогодишната ноќ во Келн, за што се осомничени имигранти, Џентилони оцени дека тоа се срамни настани во врска со кои е неопходно германските власти да преземат најстроги мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.