Во тетовско Џепчиште водата е исправна за пиење

Во тетовско Џепчиште водата е исправна за пиење. Ова го покажуваат анализите на теренот.

Како што информираат од Министерството за здравство, во подрачјата во тетовскиот регион кои беа зафатени со поплавите, во населеното место Џепчиште по извршеното чистење и дезинфекција на резервоарот, добиени се резултати дека водата одговара на прописите за безбедност на вода, односно е исправна за пиење , со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување континуирана дезинфекција и хлорирање.

Во тетовско Џепчиште водата е исправна за пиење
Во тетовско Џепчиште водата е исправна за пиење

Препораки од Министерството

Министерството за здравство потсетува на препораките за заштита на здравјето на населението:

  • Се препорачува користење пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење на забите, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење на садовите.
  • Водата се преврива така што садот со вода се става на шпорет да зоврие (10 минути), потоа се отстранува и се остава да се олади, а притоа во водата не треба да се става мраз.
  • Се препорачува миење на рацете со сапун после чистење, пред подготовка на храната, пред јадење, после доаѓање во допир со детски измет и после одење во тоалет.
  • Не треба да се користи храна која била во допир со вода од поплавите.
  • Не треба да се јаде храна која била во фрижидер или замрзнувач, ако струјата е исклучена.
  • Сварена храна и намирници кои можат да се расипат, задолжително да се чуваат во фрижидер (пожелно е да се чуваат на температури под 5 степени Целзиусови).
  • Секоја храна мора да биде добро термички обработена (приготвена на температура повисока од 70 степени Целзиусови).
  • Зготвена храна да не се остава подолго од 2 часа на собна температура.
  • Во случај на појава на послаби симптоми на гадење, повраќање, дијареа, односно симптоми слични на грип, висока температура, главоболки, кашлица или вртоглавица, како и при каснување од некое животно, и сл., лицата треба веднаш да се обратат кај матичен лекар или во дежурна служба.

И во други делови од тетовскиот регион водата е исправна за пиење

Министерството за здравство претходно информира дека водата е исправна за пиење во Шипковица, Тетово, Лешок и Непроштено.

И во други делови од тетовскиот регион водата е исправна за пиење
И во други делови од тетовскиот регион водата е исправна за пиење

Во Тетово, каде што е воспоставена континуирана дезинфекција на градската водоводна мрежа, и во населените места Лешок и Непроштено, водата за пиење е исправна. Во населените места Голема Речица и Порој водата одговара на прописите за безбедност на вода , односно е исправна за пиење, со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување континуирана дезинфекција и хлорирање. Во останатите рурални подрачја зафатени со поплавите, водата е неисправна и забранета за пиење, соопштуваат од Министерството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.