Спорт

Џерард го пофали Балотели

Џерард го пофали Балотели

Капитенот на составот од „Енфилд роуд“ Стивен Џерард, го пофали Марио Балотели за деби настапот за клубот.

Италијанскиот фудбалски интернационалец се обидуваше да постигне и погодок, како и да е, составот и вака славеше на гостувањето кај Тотенхем со 3:0.

Џерард истакнува дека Балотели заслужува пофалба и оти бил одличен на овој дуел.

„Беше врвен. Се потруди да ги реализира задачите и да ги задоволи навивачите, секоја чест за Балотели, ќе може да придонесе за успесите на тимот“, вели искусниот англиски фудбалер.

Џерард го почести со комлименти, а медиумите тврдат дека ќе се истакне Италијанецот и надвор од фудбалскиот терен.

„Мојот впечаток за Балотели е добар. Се однесува како што треба. Работи вредно, посветен е на топката и одлично е поткован. Заедно со менаџерот ќе се потруди да биде и поквалитетен“, заклучи Џерард.