Џерард ќе продолжи со бројот 8 и во ЛА Галакси – дресот пуштен во продажба

По Дејвид Бекам, уште една жива легенда на англискиот фудбал ќе го облече дресот на ЛА Галакси.

Стивен Џерард, кој неодамна објави дека по крајот на сезоната ќе си замине од Ливерпул и ќе потпише за тимот на Галакси кој се натпреварува во МЛС лигата, веќе почна да им носи приходи на челниците на овој клуб.

Дресот со број 8, кој популарниот “Стиви Џи” ќе го носи во САД веќе е пуштен во продажба.

Верзијата со кратки ракави чини 175 долари а таа со долги ракави 205 долари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.