Спорт

Џерард вети дека нема да комуницира со Суарез

Џерард вети дека нема да комуницира со Суарез

Капитенот на Англија, Стивен Џерард ја подгреа атмосферата пред денешниот дерби натпревар со изјавата дека пред натпреварот и за време на истиот нема да комуницира со тимскиот колега кој има статус на најголема ѕвезда во репрезентативниот дрес на Уругвај, Луис Суарез.

„Нема да разговарам со Суарез. Нема комуникација пред натпреварот и за време на истиот. Не сакам да разговарам со Луис, морам да покажам почит кон моите соиграчи. Точно дека разговарав со Луис во изминатите неколку дена, но денеска нема да има некаква комуникација. Суарез е вистински гение, тоа постојано го повторувам. Уругвај ќе биде многу посилен ако Суарез биде дел од почетниот состав. Знам и колку ќе бидат среќни најверните фанови на Уругвај. Ние имам план, која мора да го примениме по секоја цена,“ изјави капитенот на англискиот премиерлигаш Ливерпул.