Џерард задоволен со пласман во топ-четири

Капитенот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Стивен Џерард откри дека шампионската титула може да биде реалност само доколку „црвените” бидат лидери или се дел од врвот на табелата, пред стартот на последните десет натпревари од актуелната сезона.

„Со талентот кој го поседуваме и со одличниот старт во новата сезона, Ливерпул со право може да се надева на пласман во топ-четри. Не смееме да не ја искористиме оваа шанса, не смееме да се лизнеме. Знам дека сите ќе бидат многу разочарани доколку не ја исполниме зацртаната цел, палсман во групната фаза од Лигата на шампиони. И понатаму, приоритет за Ливерпул е пласманот во топ-четри, а шампионската титула ќе биде реалност само доколку бидеме лидери или бидеме дел од самиот врв пред да стартуваат последните десет натпревари од актуелната сезона”, изјави искусниот играч за врска.