Џесика Алба откри зошто не се разголува пред камера!

Славната актерка Џесика Алба откри зошто не сака да се разголи пред камера.

– Не сакам баба ми и дедо ми да ми ги видат градите. Тоа е се. Би ни бил чуден Божик, призна Џесика, која во филмот “Убиецот во мене“ снимаше сцени на жесток секс и силување.

Актерката е воспитувана како католик и додаде дека имала само две момчиња досега, а еден од нив е и нејзиниот сопруг Кеш Ворен.

Првото момче и вереник и беше Мајкл Витирли, ѕвезда на серијата „NCIS“, а тој и бил првото момче со кое спиела. Се запознале кога таа имала 19 години и заедно поминале три години.