ФОТО: Џесика Алба се пофали со фотографија од теретана

Џесика Алба се пофали со фотографија од теретана. Таа е една од најубавите актерки. Благодарение на нејзиното згодно тело таа секојдневно мами воздишки, а за витката линија може да им се заблагодари на напорните тренинзи.

Џесика Алба објави фотографија на Инстаграм, на која позира заедно со уште неколку дами во теретаната. На фотографијата може да се види дека секој дел од телото на Алба е затегнат.

alba-teretana

Како што вели самата, додека не се испоти, исто како да не тренирала. Сепак Џесика призна дека не сака да вежба сама.

Секогаш ангажирам луѓе што професионално се занимаваат со тоа, кои знаат дека вежбите ми се потребни и кои знаат како да ме мотивираат, вели Алба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.