понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 1

Џесика Честејн му се приклучи на жирито на јубилејниот Кански фестивал

Со жирито на фестивалот годинава ќе претседава режисерот, продуцент и сценарист Педро Алдомовар, а имињата на другите членови на жирито сé уште се чуваат во строга тајност.

dzesika cejsten

Поврзани вести

Американската филмска и театарска актерка, како и продуцент, Џесика Честејн влезе во составот на жирито на јубилејното 70-то издание на Канскиот филмски фестивал, која на францускиот Азурен брег ќе се одржи од 17 до 28 мај, објави во петокот извршниот директор на една од најпрестижните светски смотри на филмската уметност, Тиери Фремо.

Со жирито на фестивалот годинава ќе претседава режисерот, продуцент и сценарист Педро Алдомовар. Овој 67-годишник е всушност првиот Шпанец кој го води жирито во Кан. Имињата на другите членови на жирито сé уште се чуваат во строга тајност.

„Има луѓе кои станаа дел од историјата на фестивалот. Сакаме тие да бидат со нас на нашиот јубилеен кинематографски форум“, изјави извршниот директор Тиери Фремо и додаде дека целосниот список со членовите на жирито ќе биде објавен подоцна.

На филмот Џесика Честејн дебитираше во 2008 година, толкувајќи ја главната улог а во филмот „Џолин“. До 2011 година таа имаше снимено само шест филмови, меѓу кои и меѓународно наградените „Слугинки“ на Тејт Тејлор и „Дрвото на животот“ на Теренс Малик. Овие филмови ѝ донесоа светска слава на актерката и бројни награди и номинации за Оскар, Златен глобус и наградата на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (BAFTA).

Во 2012 година Честен се појави во уште неколку филмови, меѓу кои и криминалистичкиот „Лавлес“ и драмата „Бојата на времето“. За улогата на агент на CIA во акциониот трилер на Кетрин Бигелои  „00:30 – Тајна операција“ ги собра пофалбите од критиката и беше наградена со Златен глобус и вторпат беше номинирана за Оскар. Честејн, исто така, глумеше во филмовите „Интерстелар“ и „Најнасилна година“ од 2014 година, а и во „Марсовец: Спасувачка мисија“ од следната 2015 година.

Алмодовар и Белучи

Според Фремо, не му било лесно да се убедува со Алдомовар, но на крајот Шпанецот, сепак, се согласил, затоа што „прекрасно се разбира во филмот“ запознаен е со работата на многу режисери и актери., „Во принцип, тој е совршен за улогата на претседателот на жирито“, смета извршниот директор на јубилејното 70-то издание на Кански филмски фестивал.

beluci
Официјален водител на годинешната смотра е познатата италијанска актерка Моника Белучи. За 52-годишната актерка ова не е првото искуство во ова празнување на филмската уметност. Првпат таа се појави на фестивалот во 2000 година, кога го претстави филмот „Под сомнение“, а во 2003 година актерката првпат беше „домаќинка“ на филмскиот фестивал во Кан, односно ги водеше церемониите на отворањето и затворањето, а во 2006 година беше во составот на жирито.

Главната конкуренција

Фестивалските селектори годинава избраа 19 дела кои ќе се натпреваруваат за главните награди од речиси 2.000 долгометражни филмови, посочи Фремо. Од нив 49 филмови влегоа во официјалната програма.

Домаќинот Франција ќе биде претставена со неколку филмови, од кои се издвојува оној на Мишел Хазанавичус, авторот на оскаровецот „Артист“, која во Кан ќе го претстави филмот снимен по романот на Ан Вјаземски. Филмот „Redoutable“ или „Младиот Годар“ ја следи историјата на средбата на француската писателка и актерка од руско потекло од кнежевското семејство Вјаземки, со корифејот на ткн „нов бран“ во европската кинематографија Жан0-Лук Годар.

kan festival

Во главната конкуренција ќе бидат прикажани и делата на други славни мајстори на кинематографијата. На црвениот тепих, меѓу другите, ќе продефилира и Софија Копола, којашто во Кан ќе се претстави со новиот филм „Фатално искушение“, во кој глумат Колин Фарел, Никол Кидман, Ел Фанинг и Кирстен Данст.

Тод Хејнс во „Свет полн со чуда“ ја раскажува приказната за две паралелни истории од различни епохи. Во Кан ќе биде претставен и новиот филм на Михаел Ханеке, кој веќе ја има освојувано Златната пала за филмовите „Белата панделка“ и „Љубов“.

Историја на фестивалот

Канскиот филмски фестивал започнува кон крајот на 1930-те години на иницијативата на францускиот министер за образование и уметност Жан Зеја, како алтернатива на филмскиот фестивал во Венеција. Сегашната форма на филмската смотра е воспоставена по 1951 година, кога претседател на жирито во текот на неколку години бил Жан Кокто, францускиот писател, поет, драматург, уметник и филмски режисер. Од 1952 година смотрата постојано се одржува во мај во Фестивалскиот дворец.

Најчитани вести