Џихадист баран со црвена потерница уапсен во Хрватска

Хрватската полиција уапсила припадник на терористичка група за која е распишана меѓународна црвена потерница. Има сомневања дека уапсениот припаѓал на терористичка група која регрутира џихадисти и ги испраќа да војуваат на страната на Исламската држава. Апсењето било извршено на барање на австриската полиција која не успеала да и влезе во трага на групата. Терористиот е уапсен на 16 декември на меѓународниот граничен премин во Славонски Брод. Станува збор за државјанин на БиХ на возраст од 49 години. Тој е приведен по враќањето од Горња Маоча, кој претставува центар на вехбистичкото движење во Босна.

Хрватската тајна служба го лоцирала при обид да влезе во Хрватска, а на 15 јануари била завршена екстрадиционата постапка за испорака во Австрија. Екстрадицијата била извршена во строга тајност, а сега е сместен во затворот во Грац заедно со уште петмина џихадисти од истата група. Сите се осомничени дека врбувале момчиња и девојки од Хрватска, БиХ и Словенија и ги испраќале на боиште во Сирија.

Ова е прво апсење во Хрватска на осомничени за исламски радикализам.
Хрватските медуми потсетуваат дека Горња Маоча, која се наоѓа во близина на хрватската граница и Бочиња се двата најсилни вехабистички центри во БиХ во кои се живее по законите на вехабистите затоа што не ги признаваат законите на БиХ.
Забележани се бројни преминувања и контакти на водачот на движњето во БиХ, Билал Босниќ, кој во Грац, Виена, Љубљана и Јесеница често одржувал контакти со своите следбеници каде што врбувал млади момчиња за заминување на боишта во Сирија и Ирак.
Истражните органи нашле и снимки од состаноците и предавањата кои ги правел Босниќ. Обвинителството на БиХ неодамна против него поднело обвинение за тероризам.
Извор: Република.мк