Џихадисти од ИД запалија живи 45 луѓе во Ирак

Џихадисти од Исламска држава во градот Ал Багдади на запад во Ирак живи запалија 45 луѓе, соопштија денеска локалните власти.

Не е јасно засега кои се жртвите и зошто се убиени. Според Би-Би-Си дел од нив најверојатно се припадници на ирачките безбедносни сили.

Припадниците на ИД минатата недела зазедоа најголем дел од градот ал-Багдади, што се наоѓа во близина на ирачката воен абаза Аин ал-Асад. Ирачки воени претставници наведуваат дека сега ИД напаѓаат домови на луѓе од ирачките безбедносни служби и локални официјални лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.