Џихадисти од ИД живи запалиле 40 лица во Ирак

Информациите дека џихадисти од групата Исламска држава живи запалиле 40 лица во ирачката провинција Анбар се вистинити, изјави за Си-Ен-ЕН претставник на провинцијата Сабах Каркхут, пренесува МИА.

Според Каркхут команданти од терен во близина на линијата на фронтот до градот Ал Багдади во провинцијаа Анбар потврдиле дека најмалку 40 полицајци и племенски припадници се убиени.

Исламската држава минатата недела презема контрола над поголемиот дел од градот Ал Багдади. Градот се наоѓа на само 14 километри северно од воздушната воена база Ајн ел Асад, во која се распоредени околу 400 американски војници, кои обучуваат ирачки пилоти во борба против џихадисти.