Џихадисти уапсени за подготовка на напади во Москва со експлозивната направа „мајка на сатаната“ (ВИДЕО)

Руската Федерана служба за безбедност (ФСБ) објави во понеделникот видео снимка од апсењето на осомничени припадници на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, коишто се подготувале за изведување терористики напади во јавниот сообраќај и трговски центри во руската престолнина Москва.

Во видео снимката особено се гледа како руските безбедносни оперативци спрведуваат брза анализа на експлозивните средства одземени од приведените.

„Зедовме мостри од примероциите. Според тестирањата станува збор за трипероксид ацетон, многи опасна иницијална експлозивна супстанција“, појаснил за агенцијата РИА, неименуван припадник на ФСБ.

Оваа супстанција речиси никогаш не се употребува во воени цел, во прв ред поради нејзината нестабилнсот, чувствителноста на удари, топлина и други надворешни влијанија, поради што процесот на правење експлозивни направа врз основа на оваа материја е многу опасен.

Поради ваквите карактереистики, супстанцијата трипероксид ацетон, како што понекогаш се наведува во медиумите, терористите ја нарекуваат „мајка на сатаната“.

Во видео материјалот се забележуваа бројни канистри со ацетон, пакувања со сода за прехранбената индустрија, голем канистер со медициски хидроген пероксид и сад со електорилити. Се гледаат, исто така, и гранати, автоматски пушки и муниција, запленети од осомничените терористи.

Претходно во понеделелникот руското ФСБ објави дека се уапсени четворица припадници на џихадистичката организација Исламска држава кои планирале терористички напади на различни фреквентни локации во Москва. Се претпоставува дека експлозиите требало да бидат извршени со бомбаши самоубијци. Оваа терористичка ќелија ја сочинувале руски и државјани на три земји од Централна Азија.

Последниве месеци ова е веќе втора слична специјална операција на руските безбедносни служби во московскиот регион. Во мај ФСБ објави дека се задржани четворица милитанти, државјани на Русија и земји од Централна Азија, кои се подготвувале да изведат експлозии во транспортни објекти во Москва. И во двата случаи терористите ги вршеле подготовките според инструкции на челници на Исламската држава кои се наоѓаа во Сирија.

Во едно интервју за агенцијата РИА, ветеранот на антитерористичкичката единица „Алфа“, Сергеј Гончаров, изјави дека големите порази на Исламската држава на военото поле, ќе придонесат за зголемување на заканата од терористички напади во замјите од кои потекнуваат странските џихадистички борци, вклучително и од Русија чијашто бројка се проценува на неколку илјади.