Џихадисти убија свештеник киднапиран пред осум месеци

Џихадисти од терористичката група Исламска држава убија христијански свештеник Пол Јакуб, киднапиран пред осум месеци во Северен Ирак, пренесува МИА.

Убиството било извршено во градот Мосул, административен центар на провинцијата Ниневија, која одамна е под контрола на екстремистите. Долго време немаше информација за судбината на свештеникот.

Од август 2014 година, меѓународната коалиција, предводена од САД нанесува воздушни напади врз позициите на Исламска држава во Ирак и во Сирија.

Исламска држава контролира големи територии во Сирија и во Ирак од јули 201 година, тероризирајќи го локалното население и особено христијанското.