Свет

Џихадисти убиле 200 лица во Ирак, меѓу нив и деца

Џихадисти убиле 200 лица во Ирак, меѓу нив и деца

Екстремисти од организацијата Исламска држава изминатите три дена убиле во ирачката провинција Анбар 200 припадници на едно сунитско племе, меѓу кои и жени и деца, соопшти денеска ирачки претставник.

Началникот на локалната полиција Шабан ал Обаиди изјави дека џихадисти егзекутирале над 200 лица, додека заменикот лидер на советот на провинцијата Анбар, Фалех ал Есави, дека бројот на убиени е 258 лица.

Сите жртви, меѓу кои и жени и деца, биле членови на сунитското племе Албу Нимир.