Македонија

Џихадисти влегоа во Македонија со бранот мигранти?!

Џихадисти влегоа во Македонија со бранот мигранти?!

МВР денес спроведува голема антитерористичка акција на подрачјето на неколку градови низ земјава. Акцијата е насочена против лица кои имаат било каква поврзаност со групата Исламска држава, кои најверојатно влегле во земјава заедно со бранот мигранти кои доаѓаат од земјите од Блискиот исток кои се зафатени со војна.

Според првичните информации неколку лица се уапсени во Скопје, Струга и Куманово, а во тек се претреси на неколку објекти во Гостивар и други локации.

Полицијата влегла и во придружни објекти на џамија во Скопје која веќе подолго време не е под контрола на Исламската верска заедница.

Исламска држава влезе во Македонија заедно со бегалците

Секојдневно стотици мигранти чекаат за да влезат во земјава. Откако беа донесени измените на Законот за азил на 18. минатиот месец, МВР до вчера издало 25.672 потврди за барање азил на мигранти.

Најголем дел од мигрантите се Сиријци. По Сирија следи Авганистан, Ирак, Пакистан, Сомалија. Само во текот на вчерашниот ден биле издадени потврди на 775. Од почетокот на издавањето на овие потврди, пак, азил досега побарал само 41 мигрант.

Со измените на законот на азил делумно е подобрена евиденцијата на бројот на бегалци кои влегуваат во земјава, меѓутоа постојат и мигранти кои се уште илегално ја поминуваат границата.

Големи се шансите со бранот бегалци на територијата на Македонија да се инфилтрирале и приврзаници на групацијата Исламска држава, која во последно време упатува закани до балканските земји.

Најмалку пет години затвор за учество во странски паравојски

Исламска држава Европа исламисти џихадистиСо измените на Кривичниот законик, што беа изгласани од Собранието пред околу една година, се предвидува дека најмалку пет години затвор ќе одлежи секој оној кој ќе учествува во војна надвор од земјава.

Казната се однесува на секој кој создава, организира, регрутира, превезува, органзиира превоз, опремува, обучува или на друг начин подготвува лице или група за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи или поединечно, надвор од земјава.

Со казна затвор од најмалку пет години ќе биде казнет и оној  кој директно или индиректно, нуди, дава, обезбедува, бара, собира или прикрива финансиски средства, фондови, материјални средства или опрема коишто ќе бидат наменети за извршување на кривичното дело од ваков тип.

Државјаните на Македонија, кои спротивно на закон ќе учествуваат или ќе се обучуваат од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи, надвор од територијата на РМ, ќе се соочат со затворска казна од најмалку четири години.

Казна со затвор од најмалку четири години ќе следи и за тој што спротивно на закон на собир, преку пишан текст, со аудио – визуелни снимки, преку социјалните мрежи или со кој било друг облик на комуникација ќе повика на ширење или ставање на кој било друг начин на располагање на јавноста порака, или врбува или поттикнува друг на извршување на наведените кривични дела. Со измените ќе биде казниво и помагањето како и обидот за извршување на овие дела.

Терористички напад се случи во кумановско Диво насеље на 9.мај годинава, при што животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни служби во големата антитерористичка акција. Претходно беше извршен терористички напад и на караулата во Гошинце, каде за среќа немаше човечки жртви, но беше украдено оружје.