Џихадисти зазедоа нови области во Ирак

Џихадисти синоќа презедоа контрола и врз два сектора во ирачката провинција Селахедин, северно од Багдад откако претходно ја заземаа целата област Нинива и Киркук, потврдија воени извори за западни медиуми.

Припадници на џихадистичката група Исламистичка држава во Ирак и Левант, ги зазедоа областите Синија и Сулејмане-Бек по повлекувањето на силите за безбедност.

Џихадистите од таа група го зазедоа вчеrа Мосул, втор град по големина во државата и неговата провинција Нинива, а подоцна и повеќе области во близина на Киркук, на север во државата.

По заземањето на Нинива, шиитската влада на Нури ал Малики одлучи да ги вооружа граѓаните подготвени за борба против бунтовниците. Од јануари таа бунтовничка група има контрола врз Фалуџа и повеќе други облати во западната провинција Анбар со мнозинско сунитско население, како и соседната Нинива.