Свет

Џихадистите егзекутираа 20 лица во амфитеатар во Палмира

Џихадистите егзекутираа 20 лица во амфитеатар во Палмира

Припадници на џихадистичката група Исламска држава денеска ликвидираа 20 лица во амфитеатарот во остатоците од античкиот град Палмира, кој датира од римскиот период, јави ТАСС.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, убиените цивили биле обвинети од страна на џихадистите за соработка со сириските владини сили.

Џихадистите од ИД мината недела го освоија Палмира, а заедно со него под нивна контрола паднаа и остатоците од некогашниот истоимен антички град, кој се наоѓа на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.